речник контакт

Св. апостол и Евангелист Матеј 29 ноември

Свети Матеј претходно бил цариник, т.е. собирач на порез. По Христовото вознесение е избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Матеј проповедал во Партија, Мидија и Етиопија.

Петар Печков

Светиот апостол и евангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од божјиот народ собирале пари за римските власти.

Кога свети Јован Крстител го подготвувал народот  и кога ги повикувал луѓето да се покаат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот, многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. Светото предание раскажува дека кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј што значи цариник.

Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евангелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.

За животот на светиот апостол Матеј малку се знае. Тој е брат на Јаков Алфеев, а заедно со другите апостоли Христовото учење го проповедал во Персија, Индија и други земји. Животот го завршил маченички.

АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »