речник контакт

Сватови го натепале поранешниот зет

Викендов физички пресметки во Велес и Горно Оризари

Петар Печков

МВР информираше за два инциденти, кои викендов се случија во Велес и Горно Оризари, при што имало физичка пресметка.  

Саботата на 8-ми февруари  во 12,30 часот било пријавено дека во Горно Оризари, велешко по претходна расправија Ј.А.(56) со тврд предмет физички го нападнал И.А.(57) - пишува во соопштението на МВР. 

Петокот на 7-ми февруари  во 19.30 часот било пријавено дека во Велес на ул.“Петре Прличко“ Т.Ј.(33) од Кочани бил физички нападнат од неколку лица меѓу кои биле и три лица од Битола, роднини на неговата поранешна сопруга - информиаа од МВР.

И во двата инциденти се работи на расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »