речник контакт

Сведоците заборавни за смртта на родилката Кадиева

Сведоците почнаа да го забораваат настанот, не знаат што се случувало во опреционата сала

Петар Печков

Единствено болничарот Ѓорги Шарков од Општа Болница Гевгелија посведочи дека  при породувањето на сега починатата родилка Маја Кадиева, двајцата анестезиолози биле во алкохолизирана состојба, останатите сведоци не можеа да проценат бидејќи докторите имале маски на лицето.  

Според Шарков  обвинетиот д-р    Томче Ванчев  бил помалку, додека сега починатиот д-р Јовановски повеќе.  На прашањето од бранителот на Ванчев како тоа го забележал,  Шарков рече дека  се преметувало.  Ова беше кажано во Основен суд Велес, на продолжението на судењето за смртта на Кадиева и нејзиното бебе,  кое се случи на 22 октомври 2015-та во операционата сала во  ЈЗУ Општа Болница Гевгелија.  

Очигледно е дека  некој  од   сведоците  меѓувреме почнаа  да го забораваат настанот , што не е во ред. Имаат дадено искази кај јавен обвинител, а некои сведочења отстапуваа.  Давањето лажен исказ  претставува критично дело. Дали се дадени за да се помогне  на обвинетите  не  можам  да  кажам, но  судот е институција пред која се зборува вистина.   Закажувањето на породување со царски рез во вечерните и ноќни часови, зборува многу. Секој човек во 22 ч. е заморен  и не е подготвен  за одговара работа – изјави Дељо Кадиев, застапник на оштетените.    

Сите сведоци освен еден не можеа да се сетат, не знаеја  или со различни искази меѓу себе   објаснуваа што се случило критичната вечер на 22-ти  октомври 2015-та кога почина родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, во  операциона  сала на Гевгелиската болница.   Револт на  оштетениот Димитрија Кадиев, сопруг на Маја, предизвика сведочењето на акушерката Фикрија Дуева.   На прашањето од обвинителката,  како дознала дека нешто невообичаено  се  случувало вечерта, таа посочи дека дознала од лице кое  е надвор од салата.   

Дека родилката е во лоша состојба дознав од нејзиниот сопруг, кога бев надвор оти  анестезиолозите рекоа дека го прекинуваат породувањето и не истераа надвор – изјави Фикрија. Димитрија Кадиев,  пак пред судот сведочеше дека Фикрија му ја кажала лошата вест.

Наеднаш од салата каде се пораѓаше Маја, започнаа да излегуваат доктори, се почувствува некоја чудна ситуација. Никој ништо не кажуваше само сестра Фикрија во еден момент  ми кажа  ,,критично е,  греота е што направија,,.  Чекајќи да донесам дома рожба плус, ја се вратив во Дојран сам – изјави Кадиев.

Тој низ солзи рече дека пред да влезе со Маја се загрнале и бакнале.  За сведочењето реагираше  обвинителката Славица Темелковски.

Освен  болничарот Ѓорги Шарков, сите останати сведоци дадоа различни изјави во тоа што го говореле во истрага. Ова отвора простор  дека е договарано – изјави Темелковски.

Таа дури сведокот Дуева ја  праша дали помни дека дала заклетва   со која ќе ја зборува само вистината.   Како сведоци  во судницата се појавија  анестетичарот Костадин Рамаданов, неонатолошка сестра  Љубица Јованова, инструментарката Анѓа Милевска,  директорот на болницата во Гевгелија  Сретко Јованов.  

За одбраната смртта на Кадиева е сплет на несреќни околности. Бранителот на  д-р Чалков  адвокат Туше Гошев покажа документ од ЈЗУ Општ Болница Гевгелија за организирање на службата, постапката и кој што треба да презема. 

Во него точно беше  посочена постапката како да се организира оперативен зафат при царскиот рез,  кој се учествува, кога треба да се направи и кој ден.  На директор не му беше јасно кој ја донел наредбата, кој ја спроведува, кој ја контролира а на неа е потпишан Јованов. Иако четврток е ден кога се вршеле гинеколошки оперативни зафати и најавен царски рез, во случајот со Кадиева, е закажано за петок доцна попладне  -изјави Гошев.  

Судењето продолжува на почетокот од март. Обвинети се  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год) како и на анестезиологот  Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Кадиева и нејзиното бебе починаа при породување во гевгелиската болница  на 22  октомври 2015-та година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »