речник контакт

Сведоците умират, обвинетиот Петровски не доаѓа

Процесот за убиството во Ореше стои во место

Петар Печков

Судскиот процес за убиството во село Ореше не продолжи со сослушувањето на сведоците, оти Ѓоре Петровски обвинет како нарачетел не се појави на судењето. Но затоа во судницата беа присутни сите сведоци, кои беа предвидени да бидат сослушани.   При тоа беше констатирано дека еден од повиканите Темелко Петровски е починат. За ова ќе се бара потврда од Министерството за правда.

Тој е трет сведок кој  за овие пет години откако беше отворен случајот, почина   Претходно умре и Тоде Кузмановски сопственик на селската продавница која беше запалена а за што исто така како нарачател во друго кривично дело се товари Петровски.  Во текот на повеќе годишниот судски процес почина сведок Тоде Мицковски. Него како сведок во повторено судење го бараше и Апелација иако во списите стоело дека Мицковски е починат.

Тој беше сопственик на плевната , во која според обвинето  заштитениот сведок „Бреза“  или Златко Арсовски требало да ја најде автоматската пушка и да им ја предаде на браќата Ордан и Љупчо Георгиевски  и со истата да го застрелаат Лазо Милошевски.  Отсуството на обвинетиот Петровски од рочиштето во Основниот суд во Велес, го револтираше еден од дојдените сведоци.

Јас повеќе доаѓам отколку Ѓоре. Пет години ме викаат  и секогаш сум тука,  дали за ова за убиството дали за  запалената продавница. Мене ме има повеќе отколку Ѓорета. А тој е тука се шета по село, по Велес а на судење не доаѓа. Згора на тоа за сите овие пет години и што сум дошол си плаќам по 600 денари за такси од Ореше до Велес и назад. Ниту јас ниту децата не работат. А од судот досега немаат платено ни денар. Колку пати сум барал но не сум добил. И за што и кого доаѓам јас овде. Ова е за срамови – вели сведокот Никола Георгиевски.  

Според обвинението, браќата Георгиевски  Ордан и Љупчо, го убиле Лазо Милошевски на  2-ри декември 2005-тата  по нарачка  за 20 илјади долари од Ѓоре Петровски, кој живеел тогаш во САД, а кој сакал да му се одмазди на Милошевски бидејќи сметал дека тој во 1995 година пукал во него и го погодил во глава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »