речник контакт

Свети Ѓорѓи Кратовски, 24 февруари

Запален затоа што си ја сакал верата

Петар Печков

На 24 февруари Светата православна црква го празнува денот на Свети Ѓорѓи Кратовски кој на овој ден 1515 година во Софија бил мачен, а потоа спален, на 18 годишна возраст. По занает бил кујунџија и останал како заштитник на златарите и кујунџиите.

Житието вели дека Свети Ѓорѓи Кратовски е роден во 1497 година во Кратово од родители Димитрија и Сара. По желба на родителите по завршувањето на училиштето пошол на кујунџиски занает кој во Кратово во тоа време бил популарен и поради рудниците. Набргу станал познат мајстор. Во тоа време турските власти собирале т.н. данок во крв, за пополнување на војската која напредувала кон Европа, правејќи војници-јаничари.

За таа цел барале млади и способни деца. Знаејќи дека во Кратово нема да остане долго незабележан решил да замине во Софија, надевајќи се дека поголемиот град нуди повеќе можности да остане незабележан. Така преку Ќустендил, Радомир и Перник пристигнал во Софија. И тука поради способностите набргу се стекнал со углед и бил забележан и од Турците. Му биле понудени благодетите на царските власти под услов да ја смени верата и да го прифати исламот. Но Ѓорѓи Кратовски без размислувње го одбил поради што бил ставен во затвор.

Ја бранел верата Христова поради што бил мачен, а потоа и спален на 24 1515 година. На 5 јуни  моштите на Св. Ѓорѓи Кратовски биле пренесени во црквата и овој ден светата православна црква го празнува како втор празник поврзан со името на овој светец.

На иконите Св. Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата.

 



Свети Власиј, 24 февруари
Заштитник на рогатиот и на крупниот добиток

Бил епископ Севастиски. За време на царот Диоклецијан кога бил извршен жесток прогон на христијаните Светиот маченик Власиј се криел во пустина, живеејќи испоснички. На Св. Власиј му е судено по што е изведен на губилиште во Севастија каде што му е отсечена главата на 24 февруари 316 година. Овој ден црквата го празнува во спомен на неговото име.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »