речник контакт

Свети Симеон Столпник - Почеток на Црковната година, 14 септември

Ден за започнување на есенските земјоделски работи Именден празнуваат: Симо, Симеон, Симонка, Симона...

Петар Печков


На први септември според стариот календар (или на 14 септември според новиот) започнува црковната година, а во народот овој ден се смета за голем земјоделски празник. Тоа најповеќе се манифестира со обичаите и верувањата поврзани со започнувањето на есенската сеидба.

Се верува дека откако е собрана летнината е завршен еден годишен циклус и започнува друг со првата есенска сеидба. Преданието сведочи дека на Првиот Вселенски собор е одредено  црковната година да започнува на 1 септември. И кај Евреите со месецот септември започнувала граѓанската година, тогаш се собирале плодовите и се искажувала благодарност кон Бога.

Во историјата на христијанството овој месец е значаен и по тоа што во септември царот Константин извојувал значајна победа над Максенциј, голем неверник и противник на христијанството и оттогаш започнало слободно изразување на христијанската вера.

Народното верување уште вели дека на овој ден започнува црковната година и дека по календарот што започнува со овој ден се раководеле светците како божји луѓе. Се верувало и тоа  дека на тој ден Господ на некои умрени што доволно се покајале им ги простувал гревовите.

Светата православна црква на овој ден го одбележува празникот на преподобниот Симеон Столпник кој умрел на 1 септември 460 година на 103 годишна возраст.
Житието  на преподобниот Симеон Столпник сведочи дека е роден во 357 година во една погранична област меѓу Сирија и Каликија во Мала Азија.

Потекнувал од селско семејство, од бедни и неуки родители но чесни христијани. Детските години ги поминал како овчарче чувајќи туѓи стада. На 18 годишна возраст се замонашил. Сакајќи што повеќе да се доближи до Бога изградил висок столб на кој минал подолго време во пост и молитви поради што е наречен Столпник.

За тоа време кај столбот два пати доаѓала мајка му и го молела да слезе за да се видат, но тој сметал дека не треба да ја прекинува молитвата и не слегувал. Во близината на столбот се собирале луѓе кои ги слушале неговите молитви и присуствувале на чудата што се случувале по молитвите (лекување болни и сл.), така што тој уште за време на животот бил сметан за светец.

Под столбот на кој тој престојувал доаѓале и многумина пагани кои ги слушале неговите емотивни беседи за Света Тројца, за Господ Исус Христос, пред неговите очи ги кршеле своите идоли и ја прифаќале христијанската вера. Особено се истакнал во разобличувањето на разните ереси кои се појавувале во тоа време.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »