речник контакт

Свети апостол и евангелист Матеј, 29 XI

Од омразен цариник до сакан Господов апостол. Именден празнуваат: Матеј, Мате...

Петар Печков

Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни. После Христовото вознесение беше избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието. На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.


Кога фарисеите му приговарале на Исус дека се дружи со грешници, мислејќи на цариникот Матеј, тој им одговарал: „Здравите немаат нужда од лекар, туку болните”.

Светиот апостол и авангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од божјиот народ собирале пари за неверникот окупатор односно за римските власти. Кога свети Јован Крстител го подготвувал народот за доаѓањето на царството небесно, односно кога ги повикувал луѓето да се покајат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. На тоа тој им одговарал: „Не земајте повеќе од одреденото”.

Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовите: „Идеј по мене”. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На  вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници.

Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евенгелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.

За животот на светиот апостол Матеј малку се знае. Тој е брат на  Јаков Алфеев, а заедно со другите апостоли Христовото учење го проповедал во Персија, Индија и други земји. Животот го завршил маченички.

Евангелието по Матеј е најсеопфатно, зашто започнува со настани уште пред раѓањето на Исус и завршува со неговите зборови упатени кон неговите ученици пред да му се врати на Бога.Матеј често го цитира Стариот завет кога некое сведоштво дополнува некои настани

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »