речник контакт

Свети великомаченик Мина Чудотворец, 24 ноември

Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволја Светиот великомаченик Мина настрадал зашто ги разобличувал идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење

Петар Печков


Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска, но ја напуштил службата и заминал во пустина зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници.

Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат. Но тие сепак спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име.

Свети Мино настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »