речник контакт

Свети пророк Еремија мај 14

Еремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи.

Петар Печков

Светиот пророк Еремија живеел шест века пред Исус Христос. Роден е во малото село Анатот во близината на Ерусалим. Уште како дете го слушнал гласот на Бога кој му одредил да биде пророк. Еремија не сакал, се оправдувал со тоа што уште бил мал, но не можел да ја одбие Божјата заповед. Од 15 година Еремија станал пророк. Многу од неговите претскажувања се оствариле уште додека бил жив. Поради тоа што претскажал многу несреќи за еврејскиот народ имал многу непријатности.

Во времето кога живеел пророкот Еремија моралот на Евреите бил паднат на многу ниско ниво. Зело замав идолопоклонството, се појавиле многу лажни пророци кои погрешно го насочувале народот, а тој пак  ним им верувал повеќе отколку на Еремија и другите вистински пророци. Гледајќи што се случува Еремија претскажал дека ако народот не се откаже од таквите пороци ќе го стигне божјата казна.

На Евреите им претскажал 70 годишно ропство под Вавилон. И навистина  вавилонскиот цар Навукодоносор набргу го нападнал Ерусалим, го разурнал и го покорил, а многу народ зел во ропство. Меѓу оние што го оплакувале разурнатиот Ерусалим бил и светиот пророк Еремија и така настанала „Книга плач Еремиин”. Светиот пророк Еремија претскажал дека кога ќе се роди Исус многу деца ќе настрадаат. Седумдесет години еврејскиот народ се наоѓал под вавилонско ропство, како божја казна за тоа што се огрешил кон Бога и кон неговите заповеди.

Еремија бил протеран во градот Мисир, во Египет каде што останал четири години. Најпосле бил каменуван од своите сонародници и така во овој град го завршил животот. Преданието раскажува дека Александар Македонски за време на својот поход ги пренесол неговите мошти во  Александрија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »