речник контакт

Свети седум маченици Макавејски, Богородични поклади, 14 август

Во животот на нашиот народ макавејските денови имаат важно место. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните работи.

Петар Печков



На 14 август  што се совпаѓа со започнувањето на Богородичните пости се празнува празникот на седумте браќа, маченици од Макавејскиот род за кои пишува во Стариот Завет на Светото Писмо (Библијата).

Во Библијата не се забележани нивните имиња но нив ги запеметило црковното предание и тие се: Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и Маркел. Тие со мајка им Соломонија и татко им свештеникот Елеазар како и со други приврзаници на Мојсиевите закони страдале со маченичка смрт по наредба на сирискиот цар Антиох од едни наречен просветител, а од други безумен. Затоа што храбро ја бранеле својата вера, царот пред очите на мајка им еден по еден ги мачел, им ја дерел кожата, а потоа ги фрлал во оган. Кога тоа го направил и со последниот, тригодишниот син, мајката скокнала во оганот предаваќи му ја така душата на својот единствен Бог.

Тоа се случило околу 180 години пред Христа. Светата христијанска црква го определила  14 август за заеднички празник на седумте браќа Макавеи, на нивната мајка Саломонија  и на свештеникот Елеазар,  за сеќавање на нивните имиња и на нивната маченичка смрт.

Во народот празникот Макавеи се држи како тежок празник, но во некои места се смета дека овие празнични денови се шест, во други дванаесет. Во цела Македонија според тоа какво ќе биде времето во текот на овие денови се прогнозира времето за следните шест месеци (зимскиот период) или за целата година.

Во Велешко како што забележал Д. Матов  не се работело, се држел празник за да не им се трошат (да не им се јадат) прстите на жените при предење, а од првиот до шестиот ден во месецот се гледало какво ќе биде времето и какви ќе биле месеците од октомври до март.



Очигледно споменот на седумтемина браќа од Стариот Завет долго останал во црковното предание и тоа било поврзано со некои елементи од народното верување какво што е пред се прогнозирањето на времето.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »