речник контакт

Светот без уште еден вид на водоземци

Угина последниот примерок на жаба од видот Тофи

Петар Печков

Експертите се надевале дека, проучувајќи го Тофи и неговите роднини, ќе пронајдат начин да го спречат изумирањето и дека во заробеништво ќе успеат да го обноват видот.

Во Зоолошката градина во Атланта угинал единствениот преостанат примерок од реткиот вид на жаби - Ecnomiohyla rabborum, со што светот останал сиромашен за уште еден животински вид.

Последните неколку децении изумреле повеќе од стотина водоземци, а истата судбина, поради загадувањето на околината и уништувањето на нивниот природен дом, им се заканува и на многу други видови.

Жабецот Тофи живеел во Панама, од каде пред неколку година бил преселен во градина во рамките на Зоолошката градина во Атланта, заедно со уште неколку припадници на својот вид.

За преселувањето било одлучено кога биолозите, кои го откриле тој вид на жаба, брзо откриле дека поради смртоносната болест која го нападнала нивното место на живеење, веќе тогаш се наоѓала на работ на изумирање.

Експертите се надевале дека, проучувајќи го Тофи и неговите роднини, ќе пронајдат начин да го спречат изумирањето и дека во заробеништво ќе успеат да го обноват видот.

За жал, откако во 2009. година угинала последната женка, а три години подоцна и претпоследниот мажјак, на сите им станало јасно дека со смртта на Тофи светот ќе остане посиромашен за уште еден животински вид.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »