речник контакт

Светот во Сино

Причина 70 години од Обединетите Нации

Петар Печков

На околу 300 локации низ светот беше запалена сината боја на ОН, како дел од лобалното одбележување на 70-годишнината од Обединетите нации

Од Австралија до Азербејџан, од Индонезија до Ирак, од Саудиска Арабија до Јужен Судан, на околу 300 локации низ светот беше запалена сината боја на ОН како дел од глобалното одбележување на 70-годишнината од Обединетите нации.

Прославата започна во Нов Зеланд, а од таму бранот сино - официјалната боја на ОН - се движеше во сите земји и континенти, каде што споменици и познати локации низ светот облеани во сина боја беа дел од настаните за одбележувањето на Денот на ОН.

Седиштето на ОН во Њујорк светеше облеано во сина светлина во текот на две ноќи во пресрет на случувањето на 24 октомври, кој се прославува како Ден на ОН од 1948 година.

За да се одбележи овој јубилеј, споменици и згради низ светот беа осветлени со сина боја на ОН, со цел да се реафирмира заложбата за подобра и посветла иднина за сите.

Меѓу познатите знаменитости кои беа опфатени со манифестацијата „да се осветли светот во сино“ беа големите пирамиди во Гиза во Египет, статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, Кинескиот ѕид, Зимскиот дворец, Ермитаж во Русија, античкиот град Петра во Јордан.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »