речник контакт

Светски Ден на срцето,секој трет велешанец има висок крвен притисок

Лани во Велес имало 150 инфаркти. На велешани им се мереше боди масата и крвниот притисок и се делеа здравствени совети

Петар Печков

29-ти септември е Светски  Ден на  срцето и срцевите заболувања. Поради тоа Општинската организација на Црвениот крст од Велес започна кампања со кој ќе го едуцира населението за превентива од срцевите заболувања. Тие сакаат на овој начин да го намалат морбидитетот и морталитетот  на граѓаните а со тоа да ги намалат кардиоваскуларните заболувања.

Болестите на срцето се болест на 21-ви век, чумата на новото време. 59 отсто од смртните случаи во светот се поради срцето и кардиоваскуларните  заболувања. Единствен човеков орган од  кој така, народот што вели наеднаш се умира е срцето, без за тоа да е насилство – вели др - Милчо Трајков претседател на Републичкиот Црвен крст. Б

ројките покажуваат дека Втората Светска војна одзела 30 милиони жители за во следните 50 години срцевите заболувања биле причина за смрт на 50 милиони луѓе на планатата. Годишно во светот 18 милиони луѓе умираат од срцеви проблеми, додека сидата, маларијата и туберколозата  заедно земаат 3,5 милиони животи.

Наша цел како лекари  е,  граѓаните  да не ги сфаќаат така лесно срцевите заболувања и да ја подигнеме свеста кај нив. И покачениот крвен притисок е потенцијална опасност по здравјето на луѓето – рече д-р Горан Богатинов.

 Во Велес според податоците од минатата година имаме 16 илјади лица со покачен крвен притисок, или секој трети ги чувствува овие проблеми.   Лани во градот имало 150 пациенти кои доживеале инфаркт . Ова се за жал високи бројки кои треба да го запалат црвеното светло кај населението, бидејќи само превентивата може на сите да им помогне вели д-р Атанас Георгиев. Но и тие не се вистински бидејќи дел од пациентите не ги пријавуваат нивните здравствени проблеми.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »