речник контакт

Светски ден за безбедност и здравје на работа

Во Република Македонија во 2016 година има 5855 вработени млади од 15-19 години и 38639 од 20-24 години, што претставува 6.1% од вкупно вработените лица.

Петар Печков

Оваа година Светскиот ден за безбедност и здравје на работа се одбележува заедно со Светскиот ден против детски труд и има за цел за подобрување на безбедноста и здравјето на работа на младите работници и елиминација на детскиот труд.

Bо светот има 541 милиони млади работници на возраст од 15-24 години, што вклучува и 37 милиони на деца изложени на штетни агенси при работа. Тоа претставува 15% од вкупната светска работна сила, а кај нив во просек се забележува за 40% повисока стапка на нефатални повреди на работа отколку кај возрасните работници.

Во Република Македонија во 2016 година (податоци според Државниот завод за статистика) има 5855 вработени млади од 15-19 години и 38639 од 20-24 години, што претставува 6.1% од вкупно вработените лица. Овој низок процент на вработени млади лица секако се должи и на фактот дека кај нас е задолжително средното образование, па оттука и младите до нивната 18-годишна возраст се вклучени во образовниот процес и не се појавуваат на пазарот на трудот.

Карактеристиките на физичкиот и психофизиолошкиот развој на децата и младите што се вклучени во работниот процес, претставуваат посебен фактор на ризик што ги прави тие да се исклучително чувствителни кон постоечките професионални штетности и опасности на работните места.

Кампањата за одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје на работа оваа година  има за цел да ги поттикне професионалците ангажирани во оваа област да ги идентификуваат сите ризици на кои се изложени младите работници  и да поттикнат кон донесување на политики за заштита на нивното здравје и за целосна елиминација на сите форми на детски труд.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »