речник контакт

Светскиот ден на бездомните животни

Проблем кај велешани е што дел од семејствата ги напуштаат на улица, домашните миленичиња

Петар Печков

 4ти Април - светскиот ден на бездомните животни. го одбележа и велешкото здружение ,,Гласот на животните,,. Со штанд на влезот од Младински парк, тие нудеа предмети кои ги продаваа. Собраните средства се наменети за бездомните животни, нивно згрижување, лекување, прехранување, помагање. 

Со оваа продажна акција  собираме средства со кои  ќе им  помогнеме да се излекуваат, прехранат - вели младата Елена Ивчева.  На штандот има  рачни изработки, храна, книги од Коста Петров. 

Ова е трет пат што велешкото здружение организира собирна хуманиорана акција. на неа имаше и лотарија. Неа ја подржаа повеќе велешки фирми и продавници за храни за домашни миленици.

 Велешани се повеќе помагаат на бездомни животни. Донираат и средства, помагаат во работата на здружението, каде повеќето се млади, средношколци и основци. Животните имаат исто така душа, тие се многу верни ако им помогнеме  - објаснува Моника Петковска. 

Тие имаат на повеќе јавни места во градот поставено касички каде граѓаните можат да донираат парични средства. Иако во здружението има млади, тие имаат висока свест за проблемот на бездомните животни. 

 Локалните власти во соработка со  ветеринарната станица се обидуваат да го намалат бројот на бездомните животни, преку системот залови, стерилизирај, вакцинирај и вратни. Но проблемот е што континуирано се напуштаат домашни миленичиња и потомци на домашни миленици. Тоа се прави неконтролирано иако постои Закон за напуштање на домашни миленици. Сведоци сме на масовни труења по градов на места каде децата играат,  на јавни површини со што се доведуваат во опасност и нивните животи     -  изјави Меги Горгиева претседател ан Здружението ,,Гласот на животните,,. 

 Тие ги бележат  случаите на малтретирање на животни и во досегашната нивна работа успеале во само еден случај, судски да го решат и добијат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »