речник контакт

Светскиот хит филм за трговијата со деца „Звукот на слободата“ во 3Д киноверзум (видео)

Премиери и на „Израмнувач 3„ со Дензел Вашингтон и комедијатa „Скитници“ за напуштените кучиња од сопствениците

Петар Печков

Филмот„Звукот на слободата“  за кој целиот свет зборува е базиран на неверојатната вистинска приказна за трговијата со деца, за  поранешен владин агент кој трга во опасна мисија да спаси стотици деца од трговија со луѓе. Овој моќен филм е доказ за силата на човечкиот дух и борбата за правда за оние кои немаат глас. Филмот започна со кино прикажување на 4 јули како независен филм со низок буџет при снимањето, за да постигне голема гледаност и хит филм во светот. Само една реченица од филмот е доволна за да го привлече вниманието на гледачите „едно пакување на кокаин можеш да продадеш само еднаш, дете можеш да продадеш десет пати во денот“ . Во Велес ќе се прикажува четврток, петок, сабота, понеделник и среда.


Роберт Мекол - Дензел Вашингтон,  се наоѓа дома во Јужна Италија, но открива дека неговите пријатели се под контрола на локални криминални газди.  Кога настаните стануваат смртоносни, Мекол знае што треба да направи: да стане заштитник на неговите пријатели со тоа што ќе се соочи со мафијата. Израмнувач 3, последен дел од трилогијата .Се прикажува четврток, недела и вторник.

Урнебесна комедија „Скитници“ е  за напуштено куче кое се здружува со други кучиња скитници... Тие заеднички прават план му се одмаздат на неговиот поранешен сопственик. Во 3Д киноверзум се прикажува четврток, сабота, недела и вторник.

Американски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година, „Нинџа желки -мутантски хаос“  во режија на Џеф Роу, седми дел од авантурите на Нинџа желките. После долги години скриени од човечкиот свет, Нинџа желките се обидуваат да бидат прифатени од њујорчани како нормални тинејџери. Нивната нова другарка Април им помага да победат мистериозна криминална група но тие наскоро се наоѓаат во неволја кога друга група на мутанти ги напаѓа нив. Се прикажува сабота, недела и среда.

Хоророт „Дракула будење на злото“ ќе се прикаже понеделник.   Базирано на едно поглавје, од дневникот на Капетанот, од класиката на Брам Стокер од 1897 година - Дракула. Оваа приказна е сместена на рсускиот брод Деметер, кој бил изнајмен да пренесува приватно карго - 24 необележани ковчези од Карпатија до Лондон. Филмот детално ќе ги опише настаните кои се случиле и како екипажот преживеал кога секоја вечер ги демнело некоја неописива појава. Кога конечно пристигнал бродот во пристаништето бил руиниран и без ниеден член од екипажот на него.

Американскиот филм  „Малата Сирена“ работен според истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, продукција на студиото Волт Дизни, е музички филм во кој настапува и Хали Бери како Ариел. Млада и убава сирена по име Ариел, склучува договор со злобна морска вештерка за да го размени својот преубав глас за човечки нозе, за да може да го открие копнениот свет и да го импресионира принцот во кој е заљубена. Ќе се прикаже петок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »