речник контакт

Свештениците ја фарбаа оградата од новата црква

Осветувањето е закажано за 10-ти септември во 8 часот, со свечена литургија

Петар Печков

Завршуваат подготовките за осветувањето на црквата Св. Кирил и Методиј, во Младински парк, закажана за 10-ти септември.

Во текот на вечерашниот ден, средата, интерес кај велешани предизвикаа свештениците од велешкото Архијерејско намесништво, кои ги засукаа ракавите и ја фарбаа железната ограда. За пример на останатите сограѓани дека и свештениците умеат со четката и фарбата.

Сабота вечер, пред  осветувањето  е закажна  уметничка приредба со настап на црквниот младински  хор Св. Кирил и Методиј, оперската  певица Веселинка Маџарова  Андова, КУД Керамичар.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »