речник контакт

Се роди малата Линар

Мигрантка од Сирија се породи во Македонија

Петар Печков

Во  петокот  околу 11 часот, во близина на граничната линија, патролен тим од Полициската станица Богородица пронашол две лица, илегални мигранти, од кои едното лице, жена,  побарало медицинска помош.

Утврдено било дека се работи за жена која имала породилни болки, по што е известен доктор, кој дошол на лице место. Полицијата  сите ги пренесла во Здравствениот дом во Гевгелија, каде мигрантката како итен случај е прифатена и родила здраво женско дете. Девојчето е тешко 2,74 кг а родителтеи и дале  име Лимар. Родилката е во стабилна состојба и ќе остане во Здравствениот дом во Гевгелија додека е потребно.

По проверката на идентитетот, утврдено е дека станува збор за сириските државјани  таткото M.С.(1987) и мајката  А.Н.(1994), двајцата родени и живеат во Дамаск.

Од разговорот што е направен со таткото, посочено е дека истите се Сириски државјани со  потекло од Палестина  и живееле во Јармук Кампот кај Дамаск. Заради тамошната состојба, истите пред околу 2 месеци заедно со група од други лица, вкупно 40, тргнале со возила да одат до Турската граница. Таму слегле од возила и пеш влегле во Турција од каде пронашле други возила кои ги возеле се до Измир.

Од Измир сите 40 лица, со мал брод, по воден пат, илегално стигнале на островот Самос  Грција (во близина на Кушадаси), каде бидејки се на територија на ЕУ побарале помош и полиција за да се пријават мислејки дека со тоа за нив патувањето е завршено и ќе можат слободно да патуваат понатаму до Германија. Истите се пријавени и имаат грчки документи со датум од 18 и 20.06.2015 издадени од страна на грчката полиција.

Еден ден  подцна тие двајца сами тргнале со брод за Атина. Од Атина другиот ден со воз тргнале за Солун и бидејки немале како да патуваат понатаму, се споиле со друга група на мигранти и тргнале пеш кон Македонија, за да после 3 дена стигнале до македонската граница каде вчера беа откреини во меѓуграничната зона   и прифатени.

Истите изразиле намера да одат за Германија каде има М.С. има сестра и брат кои веќе добиле азил и се наоѓаат во градот Хамбург.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »