речник контакт

Се уништува кејот покрај Вардар

Градоначалникот вели мермерот се краде, кејот ќе се решава до година

Петар Печков

Велешани се сведоци дека кејот на реката вардар, околу Мало мовче се уништува. На одделни делови фалат парчиња мермер. Тоа е града слика з луѓето кои тука седнуваат да одморат или се на минување. 

Две , три години е  ваквата ситуација. Недостигаат цели парчиња од мермерот. Дали просторот не се одржува, дали се кршат, дали некој го краде, но факт е дека  треба да се преземе нешто, просторот да се санира – велат велешани кои тука го користат дел од слободното  време.

Од локалната власт го евидентирале овој проблем и планираат да го решаваат  следната година.

Со програмата за работа   на Советот на Општина Велес за 2018-та ќе бидат предвидени средства за обнова на кејот. Да бидеме  јасни, не се уништуваат туку се крадат мермерните плочи. Иако се тешки 30 -40 кг. некој  ги краде. Сакавме да поставиме видео надзор за да оневозможиме кражби,  да откриеме кој краде, но бидејќи е јавен простор не смее да се снима.  Пријавивме и во полиција, но нема резултат. Останува до година да го реконструираме – изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

Кејот е завршен со градба 2002-та година.  Во должина е од стотина метри. Иако имаше најави дека треба да  се продолжи со негово градење со Стар мост, тоа локалните власти досега не го сториле.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »