речник контакт

Се бара велосипедска патека и низ Велес

Велосипедите од мигрантите кои звршија во Велес, ја зголемија фрекфенцијата на велосипедисти рекреативци кои бараат патека низ градот поради лична безбедност

Петар Печков

Мноштвото велосипеди кои последните месеци  завршија кај велешани, создадоа бројни рекреативци кои бараат велосипедска патека низ градот. Тоа е актуелно посебно во  попладневните и вечерни часови, кога стотици рекреативци со ова превозно средство возат низ Велес.  

И немајќи каде, ги користат тротоарите, бидејќи не се  чувствуваат безбедни по коловозот. Најчесто велосипедите ги  користат помладите, децата, па нивните родители бараат начин тие да возат безбедно. 

Имам два сина, кои што секое попладне возат низ градот. Тие се едни од многуте кои летово се приклучија на  велосипедската фамилија рекареатици. Но во градот нема патека за нив и не можам да бидам сигурен за нивната безбедност. Возат заедно со автомобили по коловозната  лента. Ова е нов сериозен проблем, кој локалната власт мора итно да го реши. Да најде начин  да обезбеди каде низ Велес, ќе можат непречени да  ги користат велосипедите, кога веќе нема патека надвор од градот - вели родител, на две малолетни деца.

Неговото мислење го делат уште стотина други сограѓани. Ова доаѓа откако бегалците од Блискиот исток, кои минувајќи низ Македонија, во еден период се одлучија наместо пеш, да користат велосипеди. Дел од нив патувањето го завршуваа во Велес, на Железничката станица   каде неколку дена имаше пазар за велосипеди. Првите денови тие се продаваа багателно а за потоа  се бараа и 50 евра.

Така проценките се дека во Велес за неколку дена завршија најмалку илјади велосипеди.  Сега тие масовно се користат во сообраќајот, што создава проблеми во нивното безбедно управување.  Од локалната власт го знаат овој проблем, но објаснуваат дека не може да се реши  веднаш.

Има стандарди како тие патеки треба да изгледаат. Има процедура како да се воведат. Не може веднаш и сега. Со оглед на  тесните улици низ градот, ќе биде мошне тешко да се најде такво решение. Ќе ја започнеме постапката и ако се добие согласност дека може на било која улица во градот да се означи,  велосипедска патека ќе се добие - изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »