речник контакт

Се бара локација каде Топилницата може да работи, надвор од градот

Министерството бара од Метрудхем алтернативно решени за локација на велешката Топилница

Петар Печков

Министерството за животна средина бара од Метрудхем, инвеститорот кој сака да ја проработи велешката Топилница, да понуди  нова локација за нејзина работа како и  стручно мислење за апсорпционата моќ на велешката почва. Овие  два услови, заедно со останатите седум се дел од мислењето за  обемот и влијанието на работата на овој капацитет,  кое Министерството го доставило до Метрудхем, како одговор на нивното барање  за рестарт на Топилницата.  Ова за велешките граѓански здруженија е  прифаќање на нивните реакции.

Првите два услови кои Министерството ги бара од Метрудхем се наши барања и добро е што тие се вклопени во стручните анализи за евентуалниот рестарт на загадувачот. Се бара алтернативно решение каде може Топилницата да работи, со цел намалување на негативните влијанија врз животната средина и врз здравјето на велешани. Вториот услов е инвеститорот да понуди истражувања за апсорпционата моќ на велешката почва. Ние тие резултати ги имаме и истите се непроменети со години и тоа е ноторен факт. Велешката земја е презаситена со тешки метали, олово и максимум и таа не може повеќе да прими нови материи во наа, тоа го кажаа повеќе македонски стручњаци – вели Ненад Коциќ член на Зелената коалиција.

Тоа е граѓанско здружение кое опфаќа седум  организации  со еколошки предзнак, во која членува и општина Велес. Истовремено во локалната власт продолжуваат активности за промена на Генералниот Урбанистички план со кој се предвидува на постојната локација каде сега  е Топилницата да  биде зелен појас, засаден со шума. Ова е според препораките на Министерството за здравство. Доколку се донесе овој документ, промената на ГУП, според надлежните од Министерството за животна средина сите натамошни активности околу рестартот на Топилницата веднаш ќе бидат завршени, во корист на велешани.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »