речник контакт

Се бара превозник кој ќе одржува градски превоз од Автобуска до Којник и обратно

Се бара и превозник за три автобуски линии до Бузалково, Сливник и Клуковец

Петар Печков

Општина Велес во нов обид да заживее автобуската линија од Автобуска станица до Којник и назад. Локалната власт објави јавен повик на кој може да се јават заинтересираните превозници. Ова е уште еден обид за се воспостави оваа автобуска линија, којај профункционира пред 20 години, но со краток век.

Поради слабиот интерес, но пеколку месеци беше укината.  Тогаш се воспостави и сега постојната автобуска линија Автобуска- Железничка –Превалец и обратно. Таа функционира на половина час,од 6 до 21ч. Додека во викенд и празник е на еден час, во еден правец.

Преку викенд има автобуски превоз до градските гробишта во Раштани наутро, во два термини.
Општина Велес бара и превозници за до Бузалаково, Сливник и Клуковец. Тие три линии се на јавен повик неколку пати, последен пат 2019. Рок на достава на понудите е седум дена од објавата  а отворањето на понудите, ако ги има, ќе биде на 23 април.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »