речник контакт

Се вакцинираа жителите на Горно и Долно Чичево, Подлес, како и Сарамзалино и Аџиматово

За понеделник теренската вакцинација продолжува во населба Градско и во Дорфулија и Каратманово

Петар Печков

Tеренска вакцинација денес продолжи во Општина Градско, втор ден. Беа посетени три села  Горно Чичево, Долно Чичево и Подлес каде беа аплицирани  20 вакцини. Од нив 11 примиле жителите на Горно Чичево, седум на Долно Чичево и две во Подлес.

Теренска вакцинација се одвиваше и во Општина Лозово, во три населени места, Сарамзалино, Аџиматово и Лозово. Биле пуштени 40 вакцини, прва доза и тоа во   Сарамзалино пет  Аџиматово  две  и во  Лозово 33.

Според планот за теренска вакцинација во понеделник, во Општина Лозово се предвидени селата Дорфулија и Каратманово додека во Општина Градско е населбата Градско. Со ова завршува теренската вакцинација во овие две општини, со прва доза, се аплицира „Синовак“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »