речник контакт

Се вакцинираа од ковид-19, дел од вработените во Хигиенски

Вакцина примија вработените од лабораторија и од епидемиолошката служба

Петар Печков

Денес се вакцинираа дел од вработените во Центарот за јавно здравје. Тие ја примија вакцината за заштита од ковид-19, во модуларната болница на Инфективна Клиника -Скопје.

Вакцинирани се 13 здравствените работници, тие што се први при контактот се лица потенцијално заразени со ковид, вработените од лабораторија и од епидемиолошката служба.  Останатите ќе се вакцинираат во следната група, наредните денови - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, директор на Центарот.  

Претходните денови се вакцинираа дел од вработените  здравствени работници од велешка Болница, па од Здравен дом, од  итната помош.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »