речник контакт

Се вакцинираат против ковид-19 и здравствените работници од Болница Јасеново

Вакцинацијата се одвива во две групи, едните саботата попладне и втората група утре вторник

Петар Печков


Се вакцинираат и здравствените работници од Болницата Јасеново. Според акциониот план за вакцинација од ковид-19, во две групи се одвива вакцинацијата и на дел од вработените во оваа здравствена институција.

„Во саботата попладне, и утре, вторник претпладне во две групи  се врши вакцинација на докторите и медицинските сестри од Болницата. Бидејќи работиме со пациенти со белодробни заболувања и карактеристика на ковид заразата и ние сме вклучени во вакцинацијата за заштита од ковид-19“ - кажа - д-р Зоран Матев директор на Болница Јасеново.   

Со тоа во велешко се заокружува вакцинацијата на здравствените работници со првата вакцина, за заштита од ковид-19, откако претходно беа вакцинирани здравствените работници од велешка Болница, Итната помош од Здравствен дом, Хигиенски а во тек е вакцинацијата и на здравствените работници од примарното здравство - матичните доктори и медицинските сестри. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »