речник контакт

Се воведува полициски час од 22 до 5 наутро, од среда 10-ти март

Полицискиот час е во времетраење од 12 дена

Петар Печков

Владата на денешната седница донела одлука, со која се воведува полициски час. Оваа информација ја сподели премиерот Зоран Заев на прес конференција. Кажа дека полицискиот час ќе биде во траење од седум часа,  терминот од 22 ч до 5 ч. наутро и ќе биде во времетрање од 12 дена колку еден епидемиолошки циклус а започнува од утре, среда.

„Бројот на ново заразените зборува дека е потребно ова затворање. Потребно е максимално почитување на одлуките и бараме  воведување на засилени контроли од полицијата и надлежните инспекциски служби“- рече премиерот Заев.

Одлуката е донесена по предлог на Комисиајта за заразни болести. Пред една година, на 21-ви март во земјава беше воведен за прв пат полициски час, поради опасноста од ширење на корона вирусот.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »