речник контакт

Се возеше велосипедската трка ,,Трофеј Димитрија Чупоски,,

Трасата беше Велес Градско - Папрадиште, победи кумановецот Ѓукиќ

Петар Печков

Саботата се одржа велосипедската трка ,,Трофеј Димитрија Чупоски,,  која се возеше од Велес, преку Градско до Папрадиште   во должина од 116 км. Учествуваа 40-тина велосипедисти од повеќе клубови во Македонија како и гости од Косово.

 Најбрз беше  Никола Ѓукиќ пред Стефан Петрески членови на Вело-М опд Куманово а трет беше Кендрим Гури од Косово.

На Трофејот се возеше и во пониските возрасни категории.

Тој се организира по 11-ти пат од страна на МВК Велес и Велосипедската Федерација на Македонија.  

Фото: Зоран Темелков

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »