речник контакт

Се врати египетскиот мрошајдец во велешко

Ретката и заштитена птица, египетскиот мршојадец се врати во велешко откако за две години во поширокиот регион се пронајдени девет нови птици, лани пет годинава четири.

Петар Печков

Ова е значајно за опстанокот на овој вид, бидејќи се смета дека во Македонија се останати да живеат само уште 28 пара од овие со закон заштитени птици, наспроти 130-те двојки  од пред 20-тина години. Затоа изминатиот месец  експерти за заштита на птиците, престојуваа во велешко и извршено е евидентирање и идентификување на младите од египетскиот мршојадец, кој се вгнездиле во карпестиот предел над реките Бабуна и Тополка во велешкиот крај.

Добро е што по толку време забележавме млади од оваа ретка птица, глобално загорозен вид, кој од пред две години е светски заштитена. Таа бргу исчезнува од планетата Земја, пред се во Индија, Африка, единствено се зголемува нејзиниот број во Франција што можеби е резултат на прелетот  и миграција на овие птици од Шпанија, каде заедно со Турција се најголемите популации во Европа - објаснуваат македонските стручњаци.  

Идентификацијата се изведува со финансиска помош од   Светската Фондација за заштита египетскиот мршојадец и еколошко друштво од Франкфурт, Германија, а во оваа активност се вклучени и спелеолозите од велешкото планинарско друштво ,,Солунска глава,, .

Овој зафат, идентификување, прстенување, одбележување, е мошне значајна и корисна активност, со која се дознаваат повеќе тајни за животот  на оваа птица. Тоа се однесува на нивната миграција, патиштата кои ги одбираат да ги прелетаат и зимуваат во Африка, како и за должината на нивниот животен век – велат стручњаците.

Египетскиот мршојадец е глобално загрозен вид, кој е на прагот од исчезнување бидејќи се бележи пад на неговите двојки. Од пред неколку години во регионот на Пешти, велешкото еколошко друштво Вила Зора изгради хранилиште за ретките птици. Тие на овој начин се обидоа да ги вратат ретките и скоро исчезнати птици во нивниот дом, месноста Пешти и Макаревац по природен пат. 

Со реализација на проектот „Долниот тек на Бабуна “   кој беше финансиран од ЕУ треба да се зачува но и да се зголеми бројот на ретките птици кои тука некогаш живееле. На листата беа црн штрк и египетски мршојадец кои тогаш  ги имаше со два односно еден пар. Во овој предел живеат и царски орел, златен орел, карполазач, црна луња. Изградено е хранилиште кое е  на скришно и тивко место, далеку од очите на луѓето и опасноста да ја затрујат храната а со тоа и птиците, бидејќи човекот е најголемиот непријател на овие  ретки птици.

Јавноста го помни настанот од пред десетина години, кога беа фатени лица кои ги крадеа јајцата од белоглавиот и египетскиот мршојадец а тие беа наменети за западноевропскиот пазар каде се продаваа за висока цена.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »