речник контакт

Се вратија редиците за вакцинација во Уред

Осетно е пораснат интересот за трета доза вакцина против ковид-19. По објавувањето ан податоците дека Велес е на врвот според активните случаи со ковид-19 во земјава, порасна и интересот за прва и втора доза

Петар Печков

Се вратија редиците и гужвата за вакцинација во Велес. Денес бројни граѓани чекаа да бидат вакцинирани со трата доза против ковид-19. Ги имаше од сите возрасни групи, но повеќето беа од повозрасната.

„Сакам да се вакцинирам со трета доза, бев вакциниран со кинеска. Не очекував ваква гужва“- кажа велешанка која на пладне со бројни нејзини граѓани чекаше ред.   
Гужвите се појавија откако Комисија за вакцинација, дозволи сите кои се вакцинирани со кинеска вакцина против корона вирусот, а минале три месеци од втората доза да може да добијат „бустер“-трета доза.
„Осетно е  зголемен интересот за аплицирање на трета доза вакцина и тоа „Фајзер“  кај велешани. Се аплицира и прва доза исто така „Фајзер“ и втора доза со вакцина со која лицето било вакцинирано“ -рече д-р Марина Тодоровска, координатор  за вакцинација против  ковид-19 во Велес. Тој се наоѓа во Уред и работи во терминот до 7,30 до 13,30ч.   
Во текот на вчерашниот ден со трета доза во Уред биле вакцинирани 155 лица а денес, петок 223.

Еве ја статистиката за последните два дена прва доза -13, втора доза 23. Денес петок, сите бројки пораснаа откако беше објавено дека Велес е на врвот според бројот на заразени по број на жители, прва доза 21, втора доза 32.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »