речник контакт

Се делат 1.150 канти за отпад во велешките села

Ги добиваат семејства во селата каде има организиран систем на прибирање на отпад од страна на ЈКП Дервен

Петар Печков

 За илјада сто и педесет домаќинства од руралните средини се обезбедени канти за отпад. Изминативе денови ЈКП Дервен  изврши дистрибуција на нови канти за домаќинствата во селата Црквино, Башино Село, Мамутчево, Дорутовец, Чолошево, Отовица и Новачани каде што беа поделени 410 канти.

Во наредните денови останатите ќе се поделат во Сојаклари, Раштани, Караслари, Горно Оризари, Бузалково, Клуковец и Бела Вода.

„Со ова значително се подобруваат условите за правилно одлагање на комуналниот отпад како и за одржување и унапредување на јавната хигиена и заштитата на животната средина во руралните средини“ – соопштија од Општина Велес.

Канти за смет од 1,1 л се делат во селата каде има организиран систем на прибирање на отпадот од страна на ЈКП Дервен.  Средствата за набавка на кантите за смет се обезбедени преку  Бирото за регионален развој.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »