речник контакт

Се делат општинските стипендии за талентирани студенти и ученици

Општина Велес ќе додели годинава 16 стипендии

Петар Печков

Од оваа година зголемен е бројот на стипендии кои Општина Велес им ги доделува на талентираните   студенти  и ученици. Наместо по три од годинава се доделуваат по осум во двете категории. Заинтересираните треба да се пријават на Конкурсот и да ја искористат можноста за финансиска поддршка на нивниот образовен развој.

За учебната 2012/2013 година, Општина Велес доделува 8 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование и се во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува девет месеци во годината, како и 8 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование таа  е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9  месеци во годината.

Крајниот рок за пријавување е до 30-ти октомври. Повеќе информации можат да се  најдат на

  http://veles.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2232:2012-09-28-13-23-09&catid=28&Itemid=211

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »