речник контакт

Се живее ли во Велес мирно

Каква беше безбедносната состојба во велешко во 2009-тата година, одговор дадоа од Полициската станица Велес.

Петар Печков

Најголемиот број нарушувања на јавниот ред и мир  полицијата регистрирала во угостителските објекти: кабаре ,,Ноктурно,, и ,,Импакт,, во Велес, ,,Булевар,, во Градско и ,,Два галеба,, во Чашка. Тоа е резултат на конзумирањето на алкохолни пијалоци, гостување на пејачи и присуството на лица познати нарушители на редот и мирот. Над овие објекти во текот на годината бил засилен надзорот. Ова го изјави командирот на полициската станица Велес, Александар Костов, пред велешките советници, реферирајќи за безбедносната состојба во општината лани.

Не било мирно ниту во училиштата. Лани полицијата регистрирала  17 нарушувања на редот  во училиштата од кои 9 физички напади или тепачки и 8 случаи на бесправно присуство во училиштето. Сите се расветлени а против сторителите поднесени се барања.

На подрачјето кое го покрива СВР Велес лани се случени две убиства,  и едно разбојништво со силување а сторителите се откриени. Не е откриен подметнувачот на експлозивната направа пред велешката касарма кога едно лице се здоби со полесна повреда. Во однос на семејното насилство во текот на 2009 година регистрирани се 20 случаи и по барање на жртвите поднесени се кривични пријави. 

На прашањето од советниците,како е можно во текот на ноќната контрола за присуство на малолетници по улиците на градот да не биде пронајдено ниту едно лице, а истовремено на Градскиот базен да има концерт а поп ѕвезда со огромно присуство на малолетници од кои некои пиеја алкохол, командирот на полициската станица Велес, Александар Костов  изјави дека не било добро и посакувано,  полицијата да  посетува вакви објекти, бидејќи таму имало толку многу гости што ќе настанел метеж,  по што полициска рација би била непродуктивна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »