речник контакт

Се запали депонијата на Штипско џаде

Надлежните со идентичен став, можна причина за огнот е депонискиот гас

Петар Печков

Утринава околу 10 часот се запали депонијата, каде се одлага сметот кој ЈКП Дервен го собира од граѓаните.  Чадот се гледаше до Велес а за се заштитат граѓаните интервенираше и противпожарната единица.  Надлежните со идентичен став, можна причина за огнот е депонискиот гас. 

Високите температури на воздухот деновиве, како и депонискиот гас што го испушта отпадот на градската депонија,  утрово предизвикаа пожар на  депонијата, за што веднаш беше известена противпожарната единица од Велес и беа активирани вработени од ЈКП Дервен. Пожарот е веќе локализиран, но самото гаснење е отежнато поради составот на запалената маса . Екипите се на терен и работат на гаснење на пожарот со помош на вода од цистерни и затрупување со земја со помош на булдожери - изјавија од ЈКП Дервен. 

Општинскиот инспектор Билјана Манаскова Шуркова потсетува дека  освен скопската  депонија Дризла, сите други вклучувајќи ј и оваа велешката, не се стандардни и  повеќе личи на ѓубриште, иако е оградена.  

На депонијата има депониски гас, кој многу веројатно е дека  е можната причина за денешниот пожар. Секоја година ни се случуваат вакви ситуации по неколку пати во лето, поради високите температури.  Можно е и човечки фактор да е сторител. Причините ќе ги откријат екипите на СВР Велес и Министерството за животна средина кои се на терен - изјави Манаскова Шуркова.

Таа потенцира дека најзагаден амбиенталниот воздух е кога има пожар на депонија. Тогаш се ослободувале најотровни  материи, токсини и фурани, кои имаат канцерогени својства. Добрата вест е што ветерот чадот го носи во правец подалеку од Велес, кон Овче Поле.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »