речник контакт

Се зголемува бројот на велешани во самоизолација

Две лица откриени дека се движат во време на полициски час. Од Италија со авион се врати група Македонци, меѓу нив и повеќе мина велешани

Петар Печков

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски  информираше дека во вторникот во Велес имало 85 лица во самоизолација. Или пет лица повеќе отколку во понеделникот, што е за очекување кога расте бројот на заболени со ковид-19.

Две лица биле откриени на улица, во Велес вчера во време на полициски час, кој траеше до 17 до 5 часот. 

Во хотелот „Монтенегро„„ вчера беа сместени 74  лица, а ден претходно 80 или шест лица во меѓувреме заминале. 

На денешниот прес градоначалникот Коцевски информираше дека од авион од Италија во Скопје се врати група Македонци, кои во државен карантин заминаа во Струга. Меѓу нив имало и група велешани, кои следните 21 ден ќе бидат таму сместени, по што ќе се вратат дома.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »