речник контакт

Се зголемува бројот на здравствени работници кои ја примаа трета доза на вакцина против ковид-19

Засега само оваа категорија може да ја прима вакцината, оти тие најрано добија прва доза за заштита од корона вирусот. Намлен e интересот за вакцинација во велешко

Петар Печков

Продолжува вакцинација за заштита од ковид-19 во велешко, но истата е со намален интерес. Оваа седмица, која беше со намален број работни денови, четири, споредено со претходните,   прва доза примиле 101 граѓани, втора доза 337, додека трета доза или „бустер“ примиле 25 лица. Податоците се за жителти на Велес но и соседните општини Градско, Лозово и Чашка, чии жители можат да се вакцинираат во Велес.

„На пациентите им се аплицира како прва доза „Фајзер“. Како втора доза истата или „Синовак“ а за лицата над 60 годишна возраст „АстраЗенека“. Се зголемува бројот на лица кои примаат трета доза. И оваа седмица тоа се исклучиво здравствените работници од јавното или приватно здравство“ - кажа д-р- Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата за ковид-19 во Здравствен дом.

Вакцинацијата се изведува во  Уред во терминот од 7,30 до 13,30 ч. Досега  за три седмици, можноста да бидат вакцинирани со трета доза ја искористиле 58  лица, сите здравствени работници.

Што се однесува до вакцинирањето на сите граѓани кои сакаат да примат трета доза, се уште е рано да може некој тоа да го стори, оти масовната вакцинација за граѓаните започна во мај, први во април  примаа лицата од критична инфраструктура - полиција, војската, пожарникарите, воспитувачките во градинките, вработените на патарините и просветните работници.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »