речник контакт

Се зголемува бројот на пријавени случаи на семејно насилство во велешко

Се е поголем е бројот на жени и деца кои бараат помош во Центарот за психолошка поддршка, кој функционира во рамките на Организацијата на жени од Велес

Петар Печков

Зголемен е бројот на случаи на семејно насилство во велешко. Тоа го покажуваат бројките на СВР Велес но и на Организацијата на жени од Велес, која работи со оваа ранлива група на жени и деца. Во полицијата во 2023 година имало пријавено 66 случаи семејно насилство, од нив 39 биле жени, 13 мажи и осум деца.  Или лани имало повеќе пријави отколку во 2022 кога полицијата регистрирала 34.

„Скоро двојно е зголемен бројот на пријавени случаи ан семејно насилство во велешко. Од преземените истраги, констатирано е дека тоа се случувало подолг временски период, но жртвите не пријавувале.  Зголемениот број пријави сметам дека е резултат на бројните кампањи и за превенција кои ги реализираме ние заедно со другите институции во општина, локалана власт, здруженијата. Преку овие кампањи ги информираме за правата, помошта што може да ја добијат, заштитата како жртви“ кажа Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Од вкупниот број на пријави во 2023 година, Основното Јавно Обвинителство Велес  поднело 31обвинение за кои има 24 одлуки од страна на судија од Основен суд Велес. Повеќето од нив -20 се условна затворска казна, за три случаи е изречено психијатриско лекување а во еден случај парична казна.  За 31 пријавен случај семејно насилство, обвинителството ја отфрлило пријавата, бидејќи најчесто  жртвата се повлекла.

Жените жртви на семејно насилство помош, совети бараат  во Центарот за психолошка поддршка, кој  функционира во рамките на Организацијата на жени од Велес. Лани, во 2023 година    дваесетина  жени се обратиле кај нив.

„Се е поголем е бројот на жени и деца кои бараат помош, тоа се потврдува од бројот на  пријавени случаи. Лани од дваесетината  пријавените случаи,    со пет  жени континуирано работевме на нивна ресоцијализација, реинтеграција, нивно враќање за довербата кон луѓето.  Две станаа економски независни и се вработија“ - кажа Ангелина  Димовска Стојанова психолог, ангажирана во центарот.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »