речник контакт

Се истражува локалитетот Видин Град близу Водоврати, малку познат антички центар

Билo изведенo геофизичко скенирање на просторот каде се претпоставува дека се наоѓаат некрополите

Петар Печков

Извршени се истражувања за тоа каде може да се ноѓаат некрополите од античката населба на локалитетот Видин Град, близу селото Водоврати- Градско. За таа цел минатата седмица биле  изведени геофизичко скенирање на просторот каде се претпоставува дека се наоѓаат некрополите. 

Истражувањата ги извршиле , д-р Дамјан Донев од Институтот за Национална Историја во соработка со м-р Радомир Ивановиќ и Мартин Гиевски од Археолошкиот Музеј на Македонија и д-р Анита Василкова од Народниот Музеј – Велес.

Со ова истражување се надополнуваат сознанијата за топографијата на оваа античка населба собрани во текот на последната деценија. Проектот е подржан од Министерството за Култура во рамки на програмата за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година.

Локалитетот Видин Град, близу селото Водоврати- Градско е  малку познат антички центар идентификуван е со градот Аргос во Пајонија. Според најновите сознанија, градот постоел од почетоци до самиот крај на антиката, подоцна епископски центар во провинцијата Македонија Секунда.

Откриени се одбранбениот ѕид со главните градски порти, градското средиште со ранохристијанска базилика и неколку јавни градби со непозната намена, како и дел од градските некрополи. Пронајден е и дел од градска улица на западната, највисока тераса, што претставува драгоцен податок за просторниот план на населбата.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »