речник контакт

Се истражува смртта на починатиот жител од Градско

А.Ф. имал обилно крварење од раката и бил во без сознание кога е прифатен од Итната помош и донесен во велешка Болница а починал во Ургентен во Скопје

Петар Печков

Tешко повредното лице А.Ф.(40 год) од Градско  починало на повредите, откако било пренесено на Ургентен во Скопје.  Причините за смртта на лицето ќе се истражуваат.

„По наредба од Основното јавно обвинителство Велес се врши обдукција на починатиот. По добивањето на извештајот за извршената обдукција ќе бидат познати причините за настанувањето на смртта“ - соопштија од ОЈО Велес за овој настан.

За потсетување петокот 29 јули, пред полноќ се случил инцидент, во кој жител на Градско е тешко повреден и обилно  крварел од раката. Поради тоа  негови блиски со автомобил се упатиле кон Велес, а попатно кај мостот на река Бабуна  сретнале возило на Итната помош кое е враќало од интервенција.

Автомобилот со светлосни и звучни сигнали барал помош, екипата на Итната помош сопрела му  дала помош и лицето кое било во безсознанеи го префрлила на хирургија од велешка Болница. Таму е реанимирано, дадена му е крв и пренесено на Ургентен во Скопје, каде подоцна починало.

Од МВР информираа дека полициски службеници извршиле разговор со С.Ф. (32 год ) од Градско, кој бил заедно со повредениот и објаснил дека околу 22.30 часот на 29 јули, А.Ф. во својот дом удрил со рака во стаклена врата и се повредил.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »