речник контакт

Се краде се, па и кочница од патнички вагон

Чашкарец од патнички вагон на МЖ украл кочница.

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против лицето Р.Д. (44) од населба Чашка, поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело ,,Тешка  кражба,,  и едно кривично дело ,,Загрозување на безбедноста во сообраќајот со опасно дејство или средство,,.

Пријавениот во почетокот на месец Април 2010 година во вечерните часови се упатил кон железничката станица во Чашка и незабележан од никого од тркало на вагон лоциран на железничката станица во населба Чашка со подесен алат откраднал една метална кочница од  системот, со што ја загрозил безбедноста на железничкиот сообраќај и предизвикал опасност по животот и телото на луѓето, оставајќи дел од вагонот, а со тоа и композицијата воз без кочен систем.

Подоцна при преглед на такси возило со кое пријавениот се превезувал, пронајдена е металната кочна папуча и со потврда за одземени предмети предадена е на Македонски железници-единица Чашка.

Пријавениот и порано е пријавуван за кривични дела против имотот, против животот и телото и против јавниот ред и мир.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »