Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 февруари 2025
Започна промената на оштетените столбови за осветлување. Покрај промената на светилките, во тек е промена и на овие столбови од мрежата за улично осветлување. Се врши промена и тие што се искривени, накоесни, оштетени.
„Дел од канделабрите, носачите на светилките се во лоша состојба, некаде ги нема. Предвидовме да набавиме околу 50 нови канделабри, затоа што некои постоечки не може да се поправат, толку се оштетени. Имаме предвидено средства и за стругање и префарбување на дел од канделабрите кои се железни, да заличат“ – кажа градоначалникот Марко Колев на поставеното прашње од Трмр, при почетокот на промената на осветлувањето.
Средствата за промена на столбовите се предвидени во буџетот на Општина Велес за 2025 година со цел да се обезбеди комплетна функционалност на мрежата и естетика.
Со оваа инвестиција, од локалната влас најавија дека дополнително ќе се постави улично осветлување и на Раштански пат со што ќе се реши повеќегодишен проблем на граѓаните од овој дел на градот.
Од следната седмица се најавува дека ќе започне да се поставуваат и нови канделабри, набавени во Португалија.
фото Општина Велес
Tweet |