речник контакт

Се намалува бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко, еден починат пациент

Активни се 651 случаи, во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 90 пациенти

Петар Печков

Во велешко и денес Институтот за јавно здравје регистрира повеќе оздравени, отколку ново заразени со ковид-19. Бројката е 34 оздравени пациенти и 19 ново заразени. Активни се 651 случаи а досега биле заразени  5.280 лица.

„Починат е пациент на 80 годишна возраст, позитивен од Велес, лекуван три дена во ковид-19 во центарот на одделот за Физикална терапија.  На кислородна поддршка се 40 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 90 пациенти,  од кои 74 се потврдени позитивни, тројца сомнителни  и 13 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

На Инфективно  одделение се 35 пациенти, на Интерно девет и на Физикално 11, додека во Модуларната болница се  35.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »