речник контакт

Се намалува бројот на деца кои живеат во ризик во велешко

Намален е и бројот на деца жртви на кривични дела, но и деца кои се сторители на кривични дела

Петар Печков

Опаѓа бројот на деца кои живеат во ризик и деца кои се жртви на кривични дела, покажува анализата на Општинскиот Совет за превенција на детското престапништво во Велес. Така бројките за деца кои биле  во ризик лани е 214 додека 2021 имало 314 деца. 

Кога се зборува за деца во ризик, тоа се  деца  жртви на семејно насилство,  деца чиј родител не плаќа  алиментација, дете во семејство каде има проблеми, деца чии родители се разведуваат, дете  кое има проблеми со видување со едниот од родителите по разводот, кој е и најчест проблем. 

Лани статистиката покажала дека имало 16 деца жртви на кривични дела,педофилија, трговија со дете, семејно насилство,  што е двојно помалку од 2021 кога биле регистрирани 32. 

Во анализата е опфатена уште една категорија, тоа се деца сторители на кривични дела, кои во велешко во 2022 биле 11 а  сториле шест кривични дела,  додека една година претходно биле 16 деца. 

Деца во ризик кон кои Центарот применил мерка на помош  лани биле  125,  од нив 35 се повторници, додека  во 2021 биле 192 деца на кои Центарот за социјални работи им помогнал.

За децата кои живеат во ризик, најчесто алармирал МВР, потоа Судот, па училиштето, обвинителството. Но во ниту еден случај дете не пријавило дека живее во ризик. Во 2022 година 108 деца заработиле прекршочна  пријава а во 2021 било 191 дете.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »