речник контакт

Се намалува бројот на ново заразени со ковид-19 во велешко

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти, на кислородна поддршка се 38

Петар Печков

Министерството за здравство соопшшти дека изминатите 24 часа во велешко има 30 ново заразени лица со ковид-19 а 24 се оздравени. Или активни се 772 случаи а досега во велешко биле заразени 5.197 лица.

Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти,  од кои 75 се потврдени позитивни, тројца сомнителни  и 10 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

Почината е една пациентка на 69 години,од Св. Николе, позитивна, лекувана 2 дена во Модуларната Болница .На кислородна поддршка се 38 пациенти.  Во текот на вчерашниот ден транспортиран е  67 годишен пациент во Приватна Болница-Систина. Испишани се седум  пациенти како оздравени со по еден  негативен тест за ковид-19 – кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес. 

Во Инфективно одделени се 43, и по осум на Интерно и во Физикална а во Модуларна болница 29.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »