речник контакт

Се намалува бројот на сообраќајки по патиштата во Велешко

Во првото полугодие има две жртви по патиштата низ општината

Петар Печков

Зголемена е безбедноста  во сообраќајот на територијата за општина Велес, констатираат од СВР Велес. Анализите на податоците за првото полугодие годинава покажуваат дека се случиле 129 сообраќајки  наспроти 150 во истиот период лани.

Во однос на бројот на жртвите годинава за половина година има две, додека лани по патишта низ велешко немало човечки жртви во сообраќајки. Сообраќајната полиција освен локалните и регионални патишта, го контролира автопатот на делницата Катланово до локалитет Стоби, во двата правци.

„Може да се констатира дека сообраќајната култура кај учесниците е подигната. За тоа удел имаа бројните акциски контроли кои се спроведени во текот на измината година. Тогаш за првите шест месеци имало283 додека годинава 252.  Од ова може да се каже дека ланските акциски контроли дале резултат и возачите годинава се придржуваат многу повеќе  кон сообраќајните правила и прописи“ - кажа Ристе Самарџиев од СВР Велес.  

Анализата на пишаните казни покажува дека возачите најчесто  управуваат возило со брзина поголема од дозволената,  потоа следи управување на возило без возачка дозвола. Трета по бројка пишана казна е за мотористите, кои ги управуваат без заштитен шлем  додека на четврто место е управување а возило под дејство на алкохол.

Не само возачите туку и пешаците прават прекршоци. Најчест во првото полугодие бил неминување на  обележан пешачки премин.

По реакциите на жителите од повеќе делови на градот, за бучавата која ја создаваат мотористите, била спроведена акција на санкционирање, при што поради превисока бучава биле одземени седум мотори.

фото архива ТРМР

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »