речник контакт

Се намалува интересот за вакцина против ковид-19 во велешко

Ако пред еден месец се вакцинира и по 600 преку ден, изминатите денови прва доза примале по 50-тина граѓани

Петар Печков

Се намалува интересот за вакцинација во велешко. Ако претходно во текот на јули се аплицирале по 600  први дози дневно, претходната седмица паднало на 50. Вчера, понеделник имало зголемување и биле дадени 100 вакцини против ковид-19, прва доза.  Опфатот со вакцинацијата против корона вирусот во велешко е 50 отсто или секој втор жител во општината.

  „Интересот кај граѓаните е намален., споредено со состојбата пред еден месец.  Дневно се аплицираат по 300 дози, први и втори. Од утре, среда вакциналниот пункт во Уред ќе работи само во една смета.  Минатата седмица имаше дадено 216 први дози и втори 1246“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт во Велес.  

Забележливо било што  во термините за втора вакцина не се јавувал одреден број на лица, откако пред 21 ден ја примиле првата доза. Во вакциналниот пункт во Уред освен пациенти од Велес и велешко, можат да се вакцинираат лица од општините Чашка, Градско, Лозово.

До денес пациентите можеле да избираат да се вакцинираат помеѓу „Синовак“ и „“Фајзер“  додека од утре  единствено можат со „Фајзер“ , но не од неодамна добиените бугарски, како и  „АстраЗенека“ за лицата над 60 годишна возраст.   И натаму продолжува вакцинацијата по дома за стари, изнемоштени, болни или лица со попреченост.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »