речник контакт

Се облагородуваше дивата круша

Во текот на двата дена биле накалемени 2,5 илјади калеми различни сорти круша кантарка, вилјамовка, ватефетел, од повеќе делови на Македонија.

Петар Печков

Илјада диви круши изминатиот викенд беа накалемени во месноста Долги Рид, покрај патот Велес – Чашка. Во ова пригода стотина лица се одѕваа на  акцијата на Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

    

Ова е втора година по ред, ја продолжуваме акцијата од лани. Со неа овозможуваме облагородување на дивите круши а родот ќе може да го собере секој граѓанин кој минува тука, по три четири години. Тоа ќе биде добро за сите луѓе од овој дел на земјата  -   вели  Тони Тасков раководител на Р.Е. Велес при  Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството.

 

Во текот на двата дена биле накалемени 2,5 илјади калеми различни сорти круша кантарка, вилјамовка, ватефетел, од повеќе делови на Македонија.  При годинашнава акција, на терен констатирале дека лани при калемењето биле зафатени 90 отсто од крушите, што го прави  презадоволен организаторот поради успешноста на работата.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »