речник контакт

Се обновува велешката Болница

Во рамките на реконструкцијата на 20 болници во Македонија е и велешката Општа болница каде градежните работи започнаа неделава

Петар Печков

Министерот Османи изјави дека е задоволен од тоа како се изведуваат работите, потенцирајќи  дека реконструкцијата и набавката на нова апаратура за што во првата фаза во велешката болница ќе се издвојат 1 милион и 600 илјади евра, средства од Министерството од кои еден милион евра за апаратура и 600 илјади за реконструкција ќе биде предуслов за квалитетна  здравствена заштита.

Тој направи увид во инсталираниот нов  ренген апарат и биохемиски анализатор, кој го замени ренген апаратот стар 40 години. Притоа Османи информира и за апаратурата која во наредните месеци ќе биде инсталирана во велешката болница.

Во ова прилика Османи најави и  16 слајсен  компјутер томограф за болницата, кој треба да се инсталира до почетокот на октомври, како и друга квалитетна неопходна опрема важна за подобрување на услугите кон пациентите.

Министерот рече дека ќе го разгледаат и барањето на директорот на болницата за вработување на 8 до 10 лекари специјалисти, за што болницата имала потреба поради заминување на дел од кадарот во пензија или на други работни места.

Директорот на болницата д-р Ванчо Граматов изјави дека се расчистува просторот за  сместување на новата опрема во болницата. Тој информира дека градежните работи се изведуваат  моментално во првата фаза, комплетно се реновира вториот спрат од болницата каде е Хирушкото одделение и  четвртиот кат  каде е инфективното одделение, воедно се реновира и покривот на  посебната зграда на инфективното одделение,а целосно ќе се обноват и сите санитарни јазли во болницата.

Граматов рече дека во одделенијата каде се работи пациентите се навреме префрлени во други одделенија  и дека со реконтрукцијата нема да се зголеми капацитетот на болницата, туку ќе се подобрат условите за лекување на пациентите.

Одгаварајќи на новинарско прашање во врска со последните два смртни случаи во велешката болница, министерот Османи рече дека истите се анализираат и од ресорното Министерство и од истражните органи деновиве ги очекува конечните извештаи по што ќе преземат соодветни мерки за спречување на ваквите сличаи. Воедно оваа реконструкција и обновата на апаратурата, како што потенцира министерот Османи, во иднина треба да се спречат ваквите  состојби. За следната година во велешката болница се планира целосно нов  објект од две илјади квадрати во што се планира да се смести одделението  физикална терапија, за трансфузиологија и други одделенија за што веќе се работи на проектот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »