речник контакт

Се обновува оштетаната урбана опрема

Локалната власт значајни средства одвојува за поправки на оштетените клупи, летниквоци, јавни чешми, фонтани..

Петар Печков

Во паркот од ОУ Васил Главинов во тек  е поправка на урбаната опрема. Таа изминатиот период често беше уништувана, од непознати лица.  

Клупите, летниковците, фонтаната беа цел на сограѓани, кои ја оштетуваа.  Поправките ги вршат вработените од  ЈКП Дервен од машинското одделение.

Активностите за обнова ќе продолжат и во наредниот период а во пресрет на пролетта, кога урбаната опрема е искористена од велешани при нивните редовни прошетки.

Наместо за поправка на урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за нов простор  за одмор додаваат од локалана власт.  

Тие планираа за да се застане на пат на оштетувањето на урбаната опрема да се постави видео надзор на јавните  површини.  Но ова не им беше дозволено од Агенцијата за заштита на  податоците.

За одржување на опремата која ќе се постави на езеро Младост а чии активности се во тек, општината планира воведување на комунални редари за овој простор во летниот период.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »