речник контакт

Се обновува спомен куќата на преродбеникот Васил Главинов

Се обновува спомен куќата на преродбеникот Васил Главинов, во годината на јубилејот од неговото раѓање и смрт.

Петар Печков

Се обновува спомен куќата на преродбеникот Васил Главинов, во годината на јубилејот од неговото раѓање и смрт. По петнаесетина години од постојната, посетителите ќе можат да видат нова постановка во родната куќа на социјалистот. Етапно до крајот на годинава се реновира куќата, се поставуваат нови паноа и документи од животот на велешанецот Главинов.

- На јавноста ќе и понудиме фотографии од неговиот живот и работа. За жал за него нема многу достапен материјал во Македонија. Тоа што го има во Софија, Бугарија, за нас е недостапно бидејќи треба истражување и пари. Ние не сме толку финансиски моќни тоа да го сториме. Но затоа се што работел тука, во земјава, списанија, часописи, активноста како социјалист, ќе бидат презентирани на јавноста – вели Павлина Василева, виш кустот – историчар при Народниот музеј во Велес.

Тие во овој период ќе се обидат во соработка со Музејот на Македонија, да пронајдат што повеќе материјали за Главинов и премиерно да ги понудат на македонската јавност. На околу 70 метри квадартни, колку што е корисен простор во родната куќа на Главинов, ќе биде комплетно обновена досегашната постановка. Со оваа активност Народниот музеј и локалната власт во Велес ќе го одбележат јубилејот од раѓањето и смртта на Васил Главинов (1869-1929). Министерството за култура пак преговата да ја откупи соседната куќа за да може да се оформи поголема целина на спомен куќата на Главинов.

Тој основното образование го добил во училиштето на Џинот, еден дел од животот минал во Софија, откаде поради тоа што е прогонуван се вратил во Македонија. Во 1894 година во Велес го основал „Читалиштето“ кое претставува прво просветно-работничко друштво во Македонија. 

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »