речник контакт

Се обновува црквата Св. Богородица во Велес

Изградена во далечната 1870 година, од синот на Андреја Дамјанов, Дамјан, по 139 години се обновува црквата Св Богородица во Велес.

Петар Печков

Изградена во далечната 1870 година, од синот на Андреја Дамјанов, Дамјан, по 139 години се обновува црквата Св Богородица во Велес. Реставривирани се десетте столба кај кој била констатирана црвојаднина, а три од нив биле гнили и постола можност црквата трајно да се оштети или сруши. Сега столбовите се зајакнати со армирање, па црквата може да го издржи товарот на времето.

Се заштитува и иконостасот, додека иконите кои се евидентирани од Заводот за заштита на спомениците се отстранети и сочувани, за да се вратат кога црквата ќе биде комплетно завршена. Според свештеникот Ристе Јанушев, црковен старешина на Св.Богородица, во неа се планира да се инсталира и подно парно греење а сите градежни активности се работат со средства од Повардарската Епархија и донации од бизнисмени.

Во овој период сите кои сакаат да стапат во црковен брак или за крштевки, им стојат на располагање црквите Св.Спас, Св.Пантелејмон, манастирот Св.Димитрија а во овој период ставена на располагање  е и параклисот во зградата на Епархијата Повардарска.

\"\"

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »